rituals

Red cup of warm unsweetened coffee ~ Црвена шолја со топло незасладено кафе

It’s 11 in the morning, the dark clouds that usurped the sky are coloring the daylight with gray and they are creating a feeling like it’s the dawn. I slept for almost 9 hours. I’m not sorry, it’s my day off work. I left my bed scattered, the blankets and pillows entwined into a colorful wrinkled mess, just like a floor of an artist studio.

I went to the bathroom, I looked in the mirror, I  peeked my face. I washed it with refreshing gel, and my teeth with parodontax. The same messy hair, the same pair of eyes, the same face with gentle wrinkles and mildly darkened half-circles under the eyes.

In my second ritual of the morning, I activated both of the electrical kettle and the smallest hob cooker of the stove. After only couple of seconds, the water in the kettle was boiling, and after couple of minutes, the milk in the metal pot on the stove was warmed. I sprinkled the Nescafe granola with them and then, I added a little bit of cold milk. I filled a glass with water and I was ready for a fully waking up.

I set on the bed in my room, I lifted my legs on a small wooden stool and I placed my laptop on my lap. That’s it. The beginning, the end and everything in between in the next hour that followed.

Red cup of warm unsweetened coffee.

“When I Sleep” by “Have Mercy”. Sip of coffee, sip of water. Acoustic “Backseat Serenade” by “All Time Low”. “Andria” by “La Dispute”. Facebook. Instagram. Coffee. Water. “I’ve Given Up On You” by “Real Friends”. “Table’s Turned” by “Neck Deep”.

Like a gif. With my right hand I’m scrolling on the touch pad of my laptop, with my left hand I’m having sips of coffee and water. My feet are crossed on one another, the top one moves to the rhythm of the songs. Seemingly an endless act became an hour.

I woke up.

Processed with VSCO with hb2 preset

                                                      (my photo)

11 часот наутро е, темните облаци што го узурпирале небото ја бојат дневната светлина во сиво и создаваат чувство како само што да се разденило. Спиев речиси 9 саати. Не зажалив, слободен ден ми е од работа. Го оставив креветот растурен, ќебињата и перниците испреплетени во шарен изгужван хаос, исто како подот од студиото на еден сликар.

Отидов во тоалет, се погледнав во огледало, си го ѕирнав лицето. Си го измив со освежувачки гел, а забите со parodontax. Истата разбушавена коса, истиот пар очи, истото лице со нежни брчки и благи темни полу-кругови под очите.

Во вториот ритуал на утрото, паралелно ги активирав електричниот бокал и најмалата рингла на шпоретот. За неколку секунди заклокоте водата во бокалот, а по некоја минута, се стопли и млекото во металното лонче на шпоретот. Ги посипав гранолите Нескафе со нив и потоа, додадов уште малку студено млеко. Си наполнив и чаша со вода и со тоа се подготвив за целосно расонување.

Се стокмив на креветот во соба, ги кренав нозете на мало дрвено столче и го наместив лаптопот во скутот. Толку. Почетокот, крајот и се’ помеѓу на наредниот саат кој следи.

Црвена шолја со топло незасладено кафе.

“When I Sleep” од “Have Mercy”. Голтка кафе, голтка вода. Акустична “Backseat Serenade” на “All Time Low”. “Andria” на “La Dispute”. Фејсбук. Инстаграм. Кафе. Вода. “I’ve Given Up On You” на “Real Friends”. “Table’s Turned” на “Neck Deep”.

Како gif. Со десната рака скролам на touch pad-от од лаптопот, со левата рака ја кревам де шолјата со кафе, де чашата со вода. Стапалата ми се прекрстени една врз друга, горната мрда во ритамот од песните. Навидум бескраен акт, така цел саат.

Се расонив.

Advertisements