motivation

Two bicycles, two ice creams and one bench ~ Два велосипеда, два сладоледа и една клупа

Two nights in a row, friday and saturday, you and me rode are bikes to the city park and relaxed on one of the many benches, surrounded by people of all ages.

I was feeling a bit depressed and wasn’t in the mood for anything other than being outside in a chase of a much needed cool breeze. I love riding a bicycle, feeling the smooth surface under the wheels, gliding between all types of beings that make all sorts of movements, letting the current of air purify me of all bad energy. Riding a bicycle is my favorite kind of therapy.

I have a hate/love relationship with the feeling of being worthless. It’s sound odd, but sometimes it’s what I need to move forward. At the moment of self hate I feel desperate, like a mouse stuck in a labyrinth, miserably searching for a way out. The important thing is to never stop searching. Always keep going no matter how meaningless it seems. Once you pass that wretched moment of distress and self-pity you’ll get motivated to fight even stronger. Feeling worthless at moments, serves as a filter of clearing out your vision of what you want.

Right there, right than, all I wanted was you by my side and that tasty big Magnum I had. It’s safe to say it was a good weekend.


Две вечери по ред, петок и сабота, јас и ти си ги возевме нашите велосипеди до Градски парк и се релаксиравме на една од многуте клупи, опколени со луѓе од сите возрасти.

Се осеќав малку депресивно и не бев расположена за ништо друго освен да бидам надвор во бркотница за многу потребното свежо ветре. Обожавам да возам велосипед, да ја осеќам мазната површина под тркалата, да се лизгам помеѓу разни суштества кои прават разни движења, да дозволам движењето на воздухот да ме прочисти од сета лоша енергија. Возење велосипед е мојот омилен вид на терапија.

Имам омраза/љубов сооднос со она чувство кога мислиш дека си безвреден. Делува необично, но понекогаш токму тоа ми треба да за продолжам напред. Во моментот на само-омразата се осеќам очајно, како глувче заглавено во лавиринт, мизерно барајќи излез. Важната работа е никогаш да не престанеш да бараш. Секогаш продолжи да се движиш без разлика колку незначајно да делува. Тогаш кога ќе го поминеш грдиот момент на стрес и само-сожалување ќе се мотивираш да се бориш уште посилно. Да се чувствуваш безвреден на моменти, служи како филтер за прочистување на твојата визија за она што го сакаш.

Токму тогаш, токму таму, се што сакав е ти да бидеш покрај мене и оној вкусен голем Магнум кој го јадев. Слободно можам да кажам дека беше убав викенд.

The creative process is just as important and fun as the end product ~ Креативниот процес е исто толку важен и забавен колку и крајниот продукт

In the past couple of days I’ve been trying to come up with a chair design so I can apply for a local furniture competition.

I love the process of creating something. To me, the creative process itself is just as important and fun as the end product. You dig deep inside, keep imagining things and modeling the contours of your idea. Your brain is like a ball of lightning, ideas are streaming around, a tumult of possibilities and different outcomes.

ball of lightining

                                                                     (not my gif)

I have two designs and because I couldn’t picked one I liked best, I decided to apply with both of them. IF they choose me, I’ll share my design with you. If not, I’ll keep cracking thunderthoughts on.


Во последните неколку дена се трудев да осмислам дизајн за стол за да можам да се пријавам на локален конкурс за мебел.

Го обожавам процесот на креирање. За мене, процесот на креирање сам по себе е исто толку важен и забавен како и крајниот продукт. Ископуваш длабоко, постојано замислуваш нешта и ги моделираш контурите на твојата идеја. Мозокот ти е како топка со молњи, идеите струјат наоколу, метеж на можности и различни исходи.

Имам 2 дизајни и бидејќи не можев да изберам кој ми се допаѓа повеќе, се решив да аплицирам со двата. АКО ме изберат, ќе го споделам дизајнот со вас. Ако не, ќе продолжам да создавам грмотевични идеи понатаму.

Everything happens for a reason ~ Се’ се случува со причина

One week of this beautiful month down, three (and a half) more to go. June is my month off work and even though money will be tight, things have worked out perfectly.

I can focus on working on Paratissima and be 100% devoted to the job. In the meantime, I’ll keep writing and doing designs, while reading books and watching a movie or two. I’ll be out more so I’ll photograph almost everyday.

5th of June was a long and tiring, but awesome day. It was my first day at “Paratissima Skopje”. The artists who are part of the fair brought their art and we made sure it was perfectly arranged  in a safe place. Almost 12 hours of meeting new people, talking, laughing, absorbing other’s people knowledge, thoughts and ideas. This sunday we are starting the process of bringing life to the event and we’ll be constructors for a full week. I honestly can’t wait! I can’t wait to learn new things, to interact with inspiring human beings, to be here and there and help as much as I can. I can’t wait to see the outcome and how it will affect the visitors.

I have no idea what July has in store for me, but I know that no matter what, everything happens for a reason.


Една недела од овој прекрасен месец помина, уште 3 (ипол) останаа. Јуни е мојот слободен месец од работа и иако парите ќе бидат кнап, работите се наредија перфектно.

Можам да се фокусирам на Паратисима и да бидам 100% посветена на работата. Во меѓувреме, ќе продолжам да пишувам и да изработувам дизајни, додека читам книги и гледам по некој филм. Ќе шетам повеќе, па ќе фотографирам речиси секој ден.

5ти Јуни беше долг и исцрплив, но одличен ден. Беше мојот прв ден на “Paratissima Skopje”. Уметниците кои се дел од саемот ги носеа своите дела и ние се осигуравме дека се перфектно сместени на сигурно место. Речиси 12 часа запознавање на нови луѓе, разговарање, смеење, апсорбирање на туѓи знаења, мисли и идеи. Оваа недела го започнуваме процесот на внесување живот на евентот и ќе бидеме конструктори цела недела. Искрено едвај чекам! Едвај чекам да научам нови работи, да комуницирам со инспиративни луѓе, да бидам и ваму и таму и да помагам колку што можам повеќе. Едвај чекам да го видам резултатот и како ќе влијае врз посетителите.

Немам појма што носи јули за мене, но знам дека без разлика на било што, се’ се случува со причина.

Money isn’t everything, but… ~ Парите не се се’, но…

We all know the cliche saying that money isn’t everything, but for plenty of reasons I disagree.

I love photography, so there’s nothing more that I want than a good camera. They say that as long as you’re creative and think outside the box, you don’t really need a good camera to take an interesting photo. But, from my modest experience I’ve learned that that’s not true. You can find yourself in a perfect place in the perfect timing and snap a unique photo, but if it’s not with a good camera, it will probably be a bit blurry, unfocused and with poor resolution. I hate that. Unfortunately, I face that problem way too often. My camera can’t handle the things I want to photograph and at the moment, I can’t afford getting a good one. So, the reality is: if you want to do a professional photography, you got to have an appropriate equipment. And that costs a lot. A camera or two, maybe few lenses, a good laptop that can handle good editing programs, the programs itself… I dream about having all of that. Not because I’m a materialist, but because I want to express myself in the best possible way and show the world my own perspective.

desk-cameras-2013-05-15.jpg

(not my photo)

Another thing I like is drawing. Now you’ll think, well okay, that’s easy. Just pick up a pen and paper and start drawing. And that’s great, that’s what I always do and enjoy. But I would like to do more than that. I would like to do graphic design, creative drawings, logos, things like that. I also have an idea for a t-shirt brand, but that’s a long story. Again, the reality is: you need an appropriate equipment. A good computer, programs, a graphic tablet, a scanner, a color printer, a light table, endless office supplies, etc. And that costs a lot.

AAEAAQAAAAAAAAvoAAAAJDhhYjdhYWRmLWZhZTItNGU0ZS1hYmRkLWM1NTA3YjVkYTNmZQ

(not my photo)

I try not to get discourage by all that. Since the beginning of this year, I try to live by this words: don’t quit the chase. It simple. Don’t stop going after what you want. Do whatever you can, everything is a step closer to you goal. So for now, I’ll keep on taking photos with my pathetic little camera and I’ll keep on drawing on a piece of paper. I’ll keep on working on my ideas.


Сите ја знаеме онаа клише изрека дека парите не се се’, но имам многу причини поради кои нема да се согласам со тоа.

Обожавам фотографија, па не постои ништо што сакам повеќе од добар апарат. Велат дека доколку си креативен и мислиш надвор од кутијата, тогаш не ти е потребен добар апарат за да направиш интересна фотка. Но, од моето скромно искуство научив дека тоа не е вистина. Можеш да се најдеш себе си на перфектното место во перфектен тајминг и да сликнеш уникатна фотка, но ако не е направена со добар апарат, најверојатно ќе биде малку замаглена, нефокусирана и со слаба резолуција. Го мразам тоа. За жал, пречесто се соочувам со тој проблем. Мојот апарат не може да го извади тоа што посакувам и во моментов, не можам да си дозолам подобар. Па, реалноста е: ако сакаш да се занимаваш со професионална фотографија, мора да поседуваш соодветна опрема. А тоа чини премногу. Еден или два апарати, можеби неколку леќи, добар лаптоп што ќе подржува добри програми за едитирање, самите програми… сонувам за еден ден да го имам сето тоа. Не затоа што сум материјалист, туку затоа што сакам да се изразам на најдобар можен начин и да му ја покажам на светот мојата перспектива.

Уште една работа која сакам да ја правам е цртање. Сега би помислиле, епа океј, тоа е лесно. Само земи пенкало и лист и започни да црташ. И тоа е супер, токму тоа и го правам и уживам правејќи го. Но би сакала да правам многу повеќе од тоа. Би сакала да работам графички дизајн, креативно цртање, дизајни на лого, и слично. Исто така имам и идеја за бренд на маици, но тоа е долга приказна. Повторно, реалноста е: потребна ти е соодветна опрема. Добар компјутер, програми, графички таблет, скенер, принтер, светлечка подлога, бескраен канцелариски прибор, итн. А тоа чини многу.

eaa720823a199ff874ee3fe907c9832d

(not my photo)

Се трудам да не се обесхрабрам од сето тоа. Од почетокот на оваа година, се трудам да живеам со овие зборови: не ја прекинувај бркотницата. Не престанувај да го бркаш тоа што го посакуваш. Прави го тоа што можеш, се’ претставува чекор поблиску до твојата цел. За сега, ќе продолжам да фотографирам со мојот патетичен мал апарат и ќе продолжам да цртам на парче хартија. Ќе продолжам да работам на моите идеи.